речник контакт

Во Бар на одмор, лицата со церебрална парализа

Престојот на море одлично влијаел на овие лица со инвалидитет. Наесен во Вар оди нова група од 15 лица

Петар Печков

Задоволни и среќни се децата од Велес кои се вратија од Бар - Црна Гора каде престојвуаа 10 дена во кампот на граѓанското здружение ,,Хуманитарнма фамилија,, . Тие таму беа со лица од другите поранешни Југословенски република, Б и Х Србија,  Црна Гора. Организатор на престојот беше Здружението на лица заболени од церебрална парализа.

 Овој престој таму одлично влијашее на лцита со церебрална парализа. Рехабилитацијата на море битно   влијае на нивната здравствена состојба, бидејќи таа дава позитивни резултати врз животот на лицата со инвалидност. Ова е прво учество на лица од Македонија иако црногрците неколку години го организираат овој летен камп – вели  Далиборка Златева, претседателка на Здружението на лица заболени од церебрална парализа организатор на одморот.

 Таму беа 15 деца од кои три се од Градско. За време на престојто се случи и вистинска свдба, кгоа две лица со инвалидитет од Зеница и Мостар од БиХ стапија во брак. Македонците имаа и своја вечер, каде на нивните пријатели им понудија македонски специјалитети и велешка алва. Наесен ќе се организира и втора група со нови 15 лица со инвалидитет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »