речник контакт

Во Башино село и Чолошево вакцина примиле 41 лице а во Велес 14 во домашни услови

Од вторник теренската вакцинација продолжува во Лозово со втора доза вакцина а во Општина Велес продолжува со прва доза во Отовица, Сујаклари и Кумарино

Петар Печков

Теренската вакцинација продолжи во населените места близу Велес.

Денес  имаа можност да се вакцинираат жителите Дурутовец, Чолошево и Башино село.

Аплицирани буле вкупно  41 вакцина од нив  22 во  Чолошево и  19 Башино село, во Дурутовец немало заинтересирани. Сите тие примиле прва доза „Синовак“.

Од вторник  теренската вакцинација продолжува во општина Лозово, во Лозово со втора доза вакцина а во Општина Велес продолжува со прва доза во Отовица, Сујаклари и Кумарино. 

Денес при домашната  посета на болни, изнемоштени, лица со попреченост, во Велес,  биле пуштени 14 вакцини, за заштита од ковид-19.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »