речник контакт

Во Болница згрижени се само 15 пациенти со ковид-19 проблеми, еден починат

Во велешко бројот на активни случи се симна нa 110 пациенти

Петар Печков

И повторно   во велешко  регистрирани се  повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19. Изминатите 24 часа  11 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 22 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни случаи и тој денес изнесува  110. Со оваа бројка  Велес и натаму е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по  Скопје, Битола, Прилеп и Куманово.

Во велешка болница почина, пациентка  на Инфективно одделение, жена од Велес  на 75  година. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на корона вирусот е 312 лица.  

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 15 пациенти, четворица   помалку  од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  14, на  Интерно   еден. Нема  ново примен пациент а еден е испишан со еден негативен тест.

„Потврдено позитивни се осуммина,, непотврден е еден и негативни се шест   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се седум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »