речник контакт

Во Болница четворица пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19

Остануваат тројца пациенти кои се водат како активни со ковид-19 во велешко

Петар Печков

Во велешка Болница хоспитализирани  се четворица пациенти, од кои еден е потврден позитивен, двајца се  сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. На Инфективно одделение е еден пациент а на Интерно се тројца.

„Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест за ковид-19. На кислородна поддршка се двајца пациенти“ - кажа д-р- Елеонора Јованова портпарол на Болница Велес.

Оздравениот пациент е од Велес, но  не е внесен во здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје, за изминатите 24 часа.  Така останува бројот на активни случаи од три лица, бидејќи нема ново заразени и нема оздравени, во периодот кога е составен билтенот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »