речник контакт

Во Бугарија цвета црниот пазар на крв

И додека велешани гордо ја подаваат раката да спасат живот, во Бугарија од тоа други живеат

Петар Печков

На нејзиниот 85 годишен сопруг му требаше итна операција, но лекарите и рекоа самата да најде крв за операцијата. И така Славка Петрова ја прифати болната вистина и тргна да лута по црниот пазар надвор од националната клиника за крв.

Тоа е болната реалност за пациентите и нивните семејства во Бугарија, европска држава која се менува и каде донаторите прават големи проблеми, болниците се зависни од фондови и од трговците со крв - повеќето од нив мажи цигани, или роми - кои владеат.

Трговијата со крв и крвни продукти во Бугарија е забранета и казните одат до 5000 евра. Но адвокатите велат дека е тешко да се докаже нелегална трансакција со крв затоа што е потребна официјална жалба поднесена од лицето кое му плаќа на донаторот - а семјствата се толку очајни што сметаат дека донаторите на крв на црниот пазар се всушност спасители на животи.

На улиците во околината на клиниката за крв, дузина мажи седат и пушат на клупите или во кафеаните, подготвени во секој миг да притрчаат во помош на луѓето кои имаат потреба од крв. Не треба долго да чекаат.

„Дури и пред да решам што да правам, тројца мажи стоеа пред мене и еден ме праша која крвна група ми треба“, раскажа за Асошиетед прес 82-годишната Петрова, поранешна владина службеничка.

Цената беше висока.

„Кога ми кажаа дека крвта ќе ме чини 250 евра, си помислив жБоже, па тоа е целата моја пензија!ж“, рече таа. „За момент замолчев и потоа се согласија да ја намалат цената на 200 евра“.

Кога ќе се договори цената, донаторот кој е тука некаде во близина или е достапен на мобилен, ќе се појави и влегува во клиниката за крв преправајќи се дека е роднина. За донирањето добива документ и му го продава на очајното семејство.  Крвта треба прво да се провери, и ако е чиста од болести влегува во резервите на клиниката.

Па, ова се спасители на животи или крвопијачи? Тоа зависи од тоа од која страна се наоѓате.

Маријана Шипковенска го одбира првиот опис. Поранешната новинарка мораше да се потпре на платените донатори на крв кога нејзината 89-годишна мајка мораше да оди на операција заради скршен колк. Таа самата сакала да донира крв, но по медицинскиот преглед нејзиниот лекар ја советувал таа да не го прави тоа.

„Има луѓе кои во даваат нешто бесценето кога ви треба и тоа не можете да го најдете на друго место“, рече таа за АП.

Трговците тврдат дека тие прават добри услуги.

„Не сметам дека е криминално да им се помага на луѓе на кои тоа им треба“, му рече еден од нив на новинарот на АП, одбивајќи да го каже неговото име за да не биде разоткриен. „Не можев со години да најдам работа и продавањето крв за мене и моето семејство е начин да преживееме“.

Здравствените работници во центарот за крв се свесни за илегалните трансакции, но не можат ништо да сторат околу тоа. Најмногу што можат е да побараат од полицијата да ги истера трговците од пред вратата на клиниката, но тие набргу се враќаат.

Заменик директорот на клиниката Наалија Машарова признава дека не постои законски начин да се спречи оваа пракса.

„Иако не е легално, секој смее да дојде и да даде крв“, рече таа.

Често и центарот се губи во овие трансакции. Крвта која ќе биде инфицирана со хив или хепатитис Б или Ц се фрла, а донаторот се става на црната листа. Но за проверката треба време, а документите за донирање крв се издаваат веднаш, вели Машарова.

Нејзиниот шеф во центарот Андреј Андреев, за Ап рече дека националната клиника има доволно крв да им помогне на оние на кои им е најитно потребна и ги известува луѓето да не одат на црниот пазар. Но Румен Димитров, хирург во ИСУЛ, една од главните болници во Софија, вели дека недостигот од крв и крвни продукти е проблем со кој се сочува секој ден.

„Често треба да ги прашаме роднините на наште пациенти за документ за донирање крв, бидејќи добиваме само по еден литар крв за операции од центарот за крв. Во некои случаи се потребни по два или повеќе литри“, вели Димитров. „Заради недостигот од доволно крв, некои веќе закажани операции ги одложуваме за неколку недели“.

Сеж до 1989, кога балканските држави беа под комунистички владенија, бугарите беа ревносни крводарители. Војниците беа наградувани со дводневно отсуство секој пат кога ќе донираа крв.

Но доброволното дарување крв во изминативе две деценеии рапидно опадна, со што Бугарија во Европа е сега единствено пред Албанија, Босна, и Молдавија,    според процентот на доброволни крводарители - 23 на 1000 луѓе. Просекот во САД е 53 на 1000 луѓе, според Американската асоцијација на крвни банки, бројка која е слична и во повеќето држави во Европа.

„Само малкумина се доброволни крводарители, бидејќи повеќето луѓе донираат крв само ако на нивен роднина или пријател му треба“, вели Ставри Тошков, водечки експерт по хематологија. „Тешко е да се надмине кризата со донирање крв. Економските проблеми доведоа до дефицит на такви вредности во општеството, како што се солидарноста, сочувството и вољата да се помогне“.

Бугарските власти сега ги поттикнуваат граѓаните да покажат сочувство кон оние на кој крвта им е потребна со приклучување кон кампањите за крводарителство. Црвениот крст и Православната црква на Велогден започнаа двомесечна кампања насовена „Запали свеќа, донирај крв“, со надеж дека ќе се подигне јавната свест во врска со хроничниот недостиг на крв во државата.

„Тоа е единствениот начин да се елиминира нелегалната трговија“, вели Евелина Динкова, една од главните организатори на кампањата.

текстот е превземен од БТА - Софија

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »