речник контакт

Во Бузалково уапсено лице, кое се барало за одлежување казна затвор

М.А. бил осуден за кримчарење мигранти, но не ја издржал затворската казна

Петар Печков

Специјалците на МВР вчера во Бузалково апселе лице, кое требало да ја доиздржи казната затвор, затоа што кримучарело мигранти. Дел од затворската казна одлежал, дел не поради што Заторот Идризово по него распишал потерница.

„На 29 декември, четврток,  во 17часот во Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30 год) од Бузалково. Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.  Бил баран со потерница по наредба на Казнено- поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната“ - соопштија од МВР.

Лицето било спроведено во установата доиздржување на казната.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »