речник контакт

Во Вардар, кај ХИВ пронајден труп на машко лице

Обдукција треба да ја констатира причината за смртта а потоа да се идентификува кое е лицето

Петар Печков

Вчера на пладне околу 13ч. пронајден леш во Вардар. Го пронашол рибар кој веднаш ја известил полицијата. 

Телото на маж, кое било во фаза на распаѓање,  било пронајдено близу  некогашната фабрика ХИВ, во месноста Грнчишки лаки, во густ со гранки непристапен терен.  

Од СВР Велес ја потврдија информацијата а од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека телото било испратено на обдукција, за да се констатира причината за смртта. 

Останува потоа врз основа на облеката, карактеристиките на телото  и пријавените лица кои се водат како исчезнати, да се идентификува.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »