речник контакт

Во Велес, одбележан Денот на првата помош (слика)

Целта е да се подигне свеста за значењето на првата помош

Петар Печков

Во центарот на Велес, на плоштадот Сармаале, се изведе показна вежба за пружање прва помош.  Вежбите ги изведоа членовите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен Крст Велес, која беше организатор на настанот. 

На граѓаните  им се делеа  и флаери на потсетник за сите материјали кои треба да ги има во кутијата за прва помош и одредени постапки за пружање на помош во дадени  ситуации.

„Граѓаните на Велес можеа да видат како се прави срцево- белодробно оживување, методот: гледам, слушам, чувствувам како и преврски на рани. Целта е да се подигне свеста за значењето на првата помош преку организација како Црвен крст која е водечка на ова поле во државата“-кажа Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.


Изведувањето на оваа активност беше по повод  Светскиот ден на првата помош кој се одбележува на  11-ти септември но бидејќи тогаш во земјава  беа прогласени деновите на жалост, се одбележа на денес, на 16-ти септември. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »