речник контакт

Во Велес на три избирачки места, се гласа во нови објекти

Поради мал број гласачи, помалку од 10, две избирачки места во ОИК Велес и четири во ОИК Чашка cе укинати

Петар Печков

За неделното гласање за референдумот  на територијата на ОИК Велес се гласа на 83 избирачки места.   За разлика од последните локални избори две избирачки места нема да се гласа оти има помалку гласачи од 10. Тоа се 2198 во `Рлевци каде имаше запишано 6 гласачи   и 2200 во село Клуковец  каде има еден гласач. Тие се префрлени на други изборни места. Во градот Велес има промена на три избирачки места каде  се променети објектите за гласање.  

Според ДИК:  

ИМ 2145 каде гласаат жителите од нас. Тунел- сите , од улица Невена Ѓоргиева Дуња  -сите, од ул. Роса Плавева сите, од ул. Румена Хаџи Панзова -сите и од ул. Славко Ѓоргиев Сватот -сите  гласат во ОУ Васил Главинов.

 ИМ 2158  каде гласат од ул. Благој Ѓорев неапрни од 1 до 59, улциа Петре Алчев -сите и улица Васил Ѓоргов -сите гласаат во фоајето на театар Јордан Хаџи Констатнинво Џинот.

ИМ 2187  каде гласаат жителите од населба Дурутовец, МВ Дурутовец  и Лисец сите  гласат во зградата на Основното Училиште во село Чолошево.  

Поради помал број на гласачи од 10 укинати се  четири избирачки места во ОИК Чашка и тоа 2233 во Ново село, 2235 во населба Чашка, 2238 во село Крајници и 2239 во село Бусилци.  

 Во ОИК Чашка се гласа  на единаесет  избирачки места.

 Во ОИК Лозово се гласа на девет избирачки места.

 Во ОИК Чашка се гласа на дваесет и седум избирачки места.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »