речник контакт

Во Велес повторно протестираа средношколците (фото)

Учениците : Не сакаме да ни го скратат правото на избор. Не за математика на матура и екстерно тестирање

Петар Печков

Повеќе стотина велешки средношколци, од сите четири училишта, како и од паралелките каде се учи на албански јазик, протестираа по велешките улици. Тие помасовно од пред некој ден, кажаа не за екстерното полагање и не за задолжителна математика на матура.  

 Порачаа дека се борат за нивните права и тоа што го сметаат за неправда, ниту   не се алатка за  манипулација и експериментални глувци на ниту една политичка партија, фондација или здружение.     

Откако нашите барања беа отфрлени од МОН, со помасовни протести сакаме да покажеме дека не  е согласуваме со лошите реформи во образованието.   Нема да подлегнеме под притисоците. Директорите и  дел од професорите ни ја убиваа и отуѓуваа  идејата дека  е потребен јавен протест,  каде ги искажуваме своите ставови -  порачаа велешките средношколци од протестот во Велес. 

Во нашите очи екстерното  е непотребна реформа.  Нашето  знаење се проверува преку тестови од 30 случајно избрани прашања преку компјутерски систем. Тоа нас ни личи на тестови на среќа.  Во оценката спаѓаат сите писмени и усни одговори,  активност и редовност на часот,  проекти и домашни задачи.  Дали тестот од  екстерното може да го оцени ученикот, соодветно  исто како и  професорот кој го следел ученикот низ цела училишна година -  е ставот  на средношколците искажан на протестот.

  Тие застанаа во одбрана на  наставниот кадар, дека компјутерот  не може да ги замени наставниците во наставната програма.

Полагањето на матура  годинава е само за Гимназиите од година  и за стручните.   Медицинарите учат две години а ќе полагаат математика задолжително. Тие што ќе одат на филолошки, филозофски, правен, уметничките факултети   имаат ли  потреба од математика - прашаа на протестот.   Средношколците најавија дека протестите ќе продолжат се додека не се усвојат нивните барања. Ваков протест се одржа и во други градови во земјава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »