речник контакт

Во Велес регистрирани само 13 куќни совети

Само 13 згради во Велес го испочитуваа Законот за домување и регистрираа куќни совети.

Петар Печков

До крајниот рок, 13-ти август 13 велешки згради во Централниот регистар  ги озакониле куќните совети а додека десетина чекаат на регистрација. Тоа е далеку од бројката од околу триста влезови со осум и повеќе станови,  колку што се очекува дека во градот постојат.

Сите тие се судруваат со можноста од казна до 300 евра по стан за непочитување на Законот. Но и општините засега немаат именувано надлежна инспекција која ќе го спроведува Законот. Државата пак  не  стигна навреме да  отвори регулаторната комисија за домување, институцијата која треба да дели лиценци за управители. Немаат ниту своја канцеларија ниту пак се регистрирани во централниот регистар.

Тој ќе продолжи и во наредните денови да ги регистрира заедниците и покрај тоа што законски тоа беше предвидено до 13-ти август . Според законот за домување, станарите на една зграда можат да изберат или Претседател или Управител на зградата кој е должен да се грижи за нејзино одржување и за распределување на буџетот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »