Петар Печков
Објавено: петок, 21 март 2014
“Македонија земја на цвеќето-земја на розите” е проектот кој започна да се спроведува од овој 21 март, Денот на пролетта. Во Македонија се засадуват 50 илјади рози а во Велес 3,5 илјади. 2,5 илјади се донација од бизнис секторот во градот, додека илјада се од Министерството за животна средина.
Овде има прекрасна атмосфера. Задоволна сум и среќна од поддршката која граѓаните и децата ја даваат, Велес е лидер на оваа акција. Наесен уште толку ќе засадиме како сега. Оваа акција ќе трае во континуитет. Таа е значајна за неговите жители, поради апсорпцијата на тешките метали – изјави Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина.
Во Младинскиот парк беше поставена изложба на експонати од рециклиран материјал и хартија на детските градинки, основните и средните училишта, истата беше со продажен карактер. Собраните средства се за потребите на училиштата. Сето ова даде убава пролетна весела слика.
Акцијата во Велес започна пред неколку дена со засадување на розите и со 150 дрва низ и на градот. Изразувам задоволство и благодарност до бизнис секторот кој
подари 2,5 илјади рози. Ова масовно присуство покажува дека Велес е еколошки град број еден во Македонија. Тоа е поттик да продолжиме натаму сериозно со овој проект – изјави градоначалникот Чадиев.
Тој побара и ги повика велешани да ги чуваат овие садници, бидејќи тие се иднината на градот и идните поколенија. Розите се садеа кај крстосницата кај семафорите, и по улицата Благој Ѓорев и Димитар Влахов. Во неа се вклучија и војниците на АРМ, пензионерите, извидниците.
Tweet |