Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 август 2016
Општина Велес и денес понеделник организира собирање на хуманитарна помош за поплавените семејства во најпогодените места во Скопје. Пунктот за донација е на локацијата пред поранешно Панини во периодот од 09.00 до 21.00 часот.
Велешани ја покажуваат нивната хуманост, во текот на неделното попладне, донираат флаширана вода, хигиенски средства, бебешка храна и средства и конзервирана храна. Собирната акција која ја организира Општина Велес продолжува и утре вторник!
Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.
Tweet |