речник контакт

Во Велес втор ден по ред нема позитивни на ковид-19, нема оздравени

На инфективно одделение има 13 потврдено позитивни пациенти, двајца чекаат резултати

Петар Печков

Втор ден по ред нема позитивни на ковид-19 во велешко, нема ниту оздравени. Ова се резултатите кои ги објави министерот за здравство Венко Филипче. 

Денес во Македонија има 87 нови случаи, повеќето во Скопје 41 и 16 во Штип, 12 во Куманово и 10 во Тетово. Денес пет лица се водат како оздравени а починал еден кумановец на 74 годишна возраст. 

На Инфективното одделение од велешката Болница има хоспитализирано 15 пациенти, 13 се потврдени позитивни а за двајца со симптоми, се чекаат резултатите.

Во велешко има 30 активни случаи со корона вирусот.   

Исто колку што се хоспитализирани - 13, толку  се на домашно лекување, три лица од велешко се сместени на ГОБ 8-ми Септември во Скопје и едно лице е во државен карантин.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »