Петар Печков
Објавено: петок, 12 јуни 2020
Нови лица во изолација во велешко нема, додека пет се во самоизолација, информираа од СВР Велес. Вкупно со Решение во изолација има 66 во Велес, а со Изјава за самоизолација има вкупно 42 во Велес.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.. Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 33 лица во Велес - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
На вчерашниот прес, градоначалникот Аце Коцевски, ја пренесе информацијата добиена од СВР Велес, дека во најголемиот случај лицата кои биле казнети за не носење заштитна маска, ја плаќале веднаш, а во тој случај таа изнесувала 620 денари, не 20 евра.
Tweet |