речник контакт

Во Велес денес за 12 часа паднаа 33 литри дожд, реките со покачено ниво

Во велешко немало реакција на граѓани до Центарот за управување со кризи за излевање на реките

Петар Печков

За 12 часа во Велешко наврнаа  33 литри на метар квадратен. Ова е збирната информација на УХМР за Велес, објавена на нивната веб страница.

Изобилството од вода кое падна денес, на територијата на земјава ги покачи реките, но тие се далеку од излевање, изјавија од Центарот за управување со кризи во Велес.

УХМР еднаш дневно ја мери состојбата со нивоата на реките, и во 7,30 нивото на Вардар во Велес бил 110 цм, а вчера утро бил 80. Со оглед на дождот кој денес падна, се очекува утре нивото да биде уште повисоко. 

Од УХМР посебно предупредуваат на суводолиците и помалите реки, кај кои е можно излевање, поради големиот дотек на вода. Ова во велешко се однесува на горниот тек од реките Бабуна и Тополка. 

До 18 часот, во велешко немало реакција на граѓани до Центарот за управување со кризи, за евентуални штети  од излевање на реките. За илустрација денешната температура во Велес не се искачи повеќе од +18 измерени во 16 ч.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »