речник контакт

Во Велес денес се вакцинираа млади, со хронични заболувања, со „фаjзер“

Продолжува вакцинацијата и со „Синофарм“

Петар Печков

Во пунктот за масовна вакцинација во Велес, денес се вакцинираа млади, со „Фајзер„ вакцината. Продолжи вакцинацијата и со кинески „Синофарм“.

„Имавме денес вакцинирано 202 лица на возраст над 40 години, кои добија „Синофарм“. Вакцинирани се и 54 помлади сограѓани на возраст од 25 до 40 години, кои имаат хронични заболувања. Некои од нив и вративме поради лекарствата кои ги примаат. Во понеделник продолжуваме со вакцинација на помладата популација, хронично болни, исто така со „Фајзер“ - кажа -д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во салата на училиштето „УЗУС“, каде тој е лоциран.

Досега таму се вакцинирани повеќе од 3,5 илјади лица, најмногу со „Синофарм“ околу илјада со „АстраЗенека“ и мал дел со „Фајзер“. Освен oд Велeс, тука се вакцинираат и  лица од општините Градско, Чашка и Лозово.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »