речник контакт

Во Велес досега вакцинирани 400 лица од сезонски грип

Голем интерес кај велешани за вакцинирање, набавени 2,5 илјади вакцини која штити од три типа на вирус на грип

Петар Печков

Во Центарот за јавно здравје Велес во тек е имунизацијата против сезонски грип.  Годинава се набавени се 2.500 вакцини од француско производство кој штити од три типа вирус на грип, меѓу кои и од панедмискиот, свинскиот  грип.. До вчера се вакцинирале над 400 лица.

Интересот за вакцина кај велешани е голем, а ќе има доволно дози за сите заинтересирани. Хронично болните и децата најмногу треба да се заштитат од грипот. Досега најчесто се вакцинираат повозрасни лица над 65 години и хронично болните,лица со кардиоваскуларни заболувања, воспаление на белите дробови, дијабетот и лица со намален имунитет. Вакцината чини 400 денари, велат од Центарот за јавно здравје.

Имунизацијата против грип се врши во октомври и ноември,поради навремено стекнување отпорност на организмот пред сезоната на грип. Вакцинирањето  се одвива секој работен ден од 8:30 до 14:30 часот

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »