речник контакт

Во Велес дојде циркус!!!

Унгарскиот циркус Сафари, кој е на турнеја низ Македонија пристигна и во Велес. Од четврток велешката публика ќе може да го посети циркусот кој е лоциран на паркингот кај фабриката Киро Ќучук.

Петар Печков

Претставите ќе се одржуваат во деновите од четврток  до недела, до 18 септември, а билетите чинат од 200 денари за деца , 300 за возрасни до 400 за ВИП ложата.  Во четврток и петок  има по една претстава која започнува во 19 часот а преку викендот во сабота и недела ќе има по две претстави, во 17 и во 19.30 часот.

По пет  години, велешани повторно ќе уживаат во циркуски лудории. Насмевки и воздишки ќе изнудуваат жонглерите, кловновите и животните на интернационалниот циркус „Сафари“ од Унгарија. Големиот циркуски шатор е сместен на паркингот кај фабриката Киро Ќучук.

Шоуто на триесетмина циркусанти од Полска, Унгарија, Италија и Германија претставува спој од класичен и модерен циркус. Акробатите и тренерите на животните ќе бидат придружени од точки со колоритни костими, светла, играње и пеење заедно со публиката.

Циркускиот шатор има капацитет за околу 1.000 посетители.  Шоуто е поделено во два дела, содржи петнаесетина различни точки, а предвидува и пауза со можност да се погледне циркуската зоолошка градина. Дел од патувачкото животинско царство се слонови, нилски коњ, лавови, пони, африкански говеда... Гледачите ќе може да уживаат во музичката точка на Мистер Коко, училиштето за лавови на Александер Краи, балоните и хулахопот на кловнот Томи, парадата со пони, во мистериозниот акт „Рома“, егзибиции со слонови.

Циркусот „Сафари“ е основан во 1968 година од Јозеф Немет Сениор. Тој  прерасна во возбудливо место за забава во живо, мешавина од уметност и анимации со разновидни животни,  а тој е дело на пет генерации на семејството Немет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »