речник контакт

Во Велес за десетина дена собрани повеќе од илјада потписи, за поддршка на Законот за амнестија

Иницијативнито одбор веќе ги собрал документите од подрачната единица на ДИК

Петар Печков

Во подрачната единица на Државната изборна комисија за десет работни дена собрани се илјада  и сто потписи за поддршка на Законот за  амнестија. Организаторот веќе ги повлекол списоците од Велес, оти како што изјавиле дека веќе ги собрале неопходните 10 илјади потписи, на ниво на Македонија, колку што се законски потребни за да оваа точка се постави на дневен ред на Собранието.  Ваков голем интерес за 25 години самостојна држава имаше само за распишувањето на референдум за независност на Македонија и за  оспорувањето на продажбата на ЕВН.

Предлог-законот за амнестија предвидува укинување на казната затвор за оние кои имаат одлежано 40 отсто од затворската казна, целосно ослободување на од извршување на казната на лицата кои на денот на стапувањето во сила на Законот се првпaт правосилно осудени на казна затвор до шест месеци, ослобудување од извршување на 50% од изречената казна затвор на лицата кои на денот на стапување во сила законот се првпат правосилно осудени на казна затвор од шест месеци до дванаесет месеци и целосно ослободување од извршување на изречената казна затвор на правоснлно осудените лица кои на денот на стапувањето Законот навршиле 75 години од животот.

 Во текстот на предложеното решение се наведува дека на амнестија не подлежат лицата правосилно осудени на казна доживотен затвор и за кривични дела против човечноста и другите добра заштитеии со меѓународното право.

На  иницијативата и претходеше штрајк со глад на затворениците во повеќе затвори во Македонија. Дел од иницијаторите, пак,  протестираа пред Собранието и пред Владата на Република Македонија.

Во затворот Идризово кој има капацитет од 800 затвореници, во моментов казна затвор отслужуваат речиси 2.000 затвореници

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »