речник контакт

Во Велес за пречекот ниту се прејале, ниту се препиле

Во велешката Болница мирна новогодишна ноќ, без интервенции

Петар Печков

Новогодишната ноќ минала мирно, па докторите во велешка Болница немале интервенција.  Според информациите на портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р  сци. Тодор Јаковлев, ноќта на пречекот и утрото, немале пациенти резултат на прославата и евентуални инциденти.

Според утринскиот рапорт на колегите од хируршко, нервно и интерно одделение, немале донесено пациенти резултат на тепачки, сообраќајки, прејаденост или алкохолизираност - изјави д-р Јаковлев.

Ако во Велес новогодишната ноќ и пречекот мина мирно и според билтенот на СВР Велес, во други градови имало регистрирано случаи.  Во Скопје е евидентиран алкохолизираност на 14 годишно дете. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »