речник контакт

Во Велес заврна африкански, жолт дожд со песок

Од Управата за хидрометеорологија потврдуваат дека во Македонија заврна ваков дожд, што и не било чудо. Ама е реткост

Петар Печков

 Денес, петок,  напладне во Велес врнеше дожд помешан со песок.  Ова за граѓаните несекојдневна појава траеше кратко, десетина минути. Но трагите од песокот останаа на хаубите од автомобилите.

Од  УХМР велат дека обоениот дожд е вообичаена појава која што се јавува при јужни воздушни струења. Појаснуваат дека поради јужните воздушни струења се јавува транспорт на песочен материјал од Северна Африка, па затоа во одделни делови на Република Македонија дождовите се обоени.

 На овој дожд најмногу се израдуваа  вработените во автопералните. Тие ќе имаат викендот полни раце работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »