речник контакт

Во Велес и велешко секој трет жител е вакциниран за заштита од ковид-19

Лидер е Кавадарци па Охрид и Гевгелија

Петар Печков

Во Велес и велешко вакцинирани се 31 отсто, од населението за заштита од квовид-19, соопштија од Министерството за здравство. Ова се податоци заклучно до вчера, понеделник. Во ова бројка од 31% се и жителите на соседните општини Градско и Чашка.  Во информацијата не е прецизирано дали тоа се однесува на примeни две или една доза.  

Кај велешани има голем интерес за вакцинација, вчера и денес без термин во зградата на Уред вакцинирани се повеќе од 270 граѓани. Теренски до вчера беа вакцинирани 360 во 18 населени места, сите од Општина Чашка.  

Најмногу вакцинирани  граѓани има во  Кавадарци 43,5 отсто од населението и е град со најголема стапка. Веднаш зад него е Охрид со 42,9 отсто вакцинирано население. Најмалку вакцинирани има во Кичево 15,8 отсто, како и во Тетово 17,1 и Дебар 17,3 проценти.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%;  Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат, за ако дојдат во контакт со вирусот да не дојде до хоспитализација и смртни последици.

„Не можеме сите да страдаме, ако некој не се вакцинира. Помалку од 500 илјади граѓани се вакцинирани, а далеку сме од бројката на колективен имунитет, за кој е потребно 80 отсто од населението. Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување, од септември, можеби октомври“, кажа Филипче.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »