речник контакт

Во Велес и мостовите служат за паркирање

Во недостаток на простор секој слободен дел во градот е паркиралиште

Петар Печков

Факт е дека градот кубури со паркинг простор.  На ова тема се потрошени многу зборови и напишани  многу текстови. Не е ништо ново. Но интересно е д се види како велешани се снаоѓаат со место за паркирање, кога го нема.

Така доградбата до Стариот мост, лепенка уште една лента од мост е паркинг простор. Така е со години. И дел од приодот до Железен мост, во месноста Дворови на патот до Економска,  служи како паркинг, простор.

Сограѓаните кои таму ги оставаат автомобилите имаат и предлог до локалната власт,д а ги асфалтира тие 50-тина метри од Железен мост, за да не возат о камен.  На фотографиите може да се види како мостовите во градот  се единствени по тоа што служат како паркинг простор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »