речник контакт

Во Велес изминатите 24 часа се регистрирани осум нови случаи на заболени со ковид 19

Вкупниот број на заболени во градот стигна до 18

Петар Печков

Нови осум случаи на заболени со ковид-19 во Велес се регистрирани изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство.  Така бројката на досега заболени во градот стигна до 18 случаи.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот. 

По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Велес – 8, Струга – 2 , Тетово -1,   Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »