речник контакт

Во Велес има 181 зграда

Начин на греење во зградите е 61 отсто на дрво и пелети, 38 на струја. Највисоки се двете згради кај пазарчето во Нова населба со по 14 ката

Петар Печков

Според спроведениот регистар на станбени згради во општина Велес има 181 зграда за колективно домување, од кои 14% згради имаат лифт, а 27% имаат деловни простории. Најстарата зграда е изградена во 1935 година. Највисоки се двете згради кај пазарчето во Нова населба со по 14 ката а еден помалку, 13 има зградата спроти нив.

Ова се резултатите од истражувањето кое го изврши Хабитат Македонија. Тие истражувале каква е состојбата и со крововите, фасадите, прозорците, начинот на греењето во становите во овие згради.  

Состојбата со крововите е 53 отсто немаат изолација,  26,4 отсто протекуваат, 15,7 отсто имаат термо изолација а кај 2,5 отсто иако имаат термо изолација прокиснуваат.  

Состојбата со фасадите е следна: 58,5 без термо фасади и неоштетена,  27,7 оштетена,  12,6 отсто се со термо фасади и  1,3 се оштетени иако имаат термо фасади.

Состојбата со прозорците до 30 отсто имаат 73 отсто, до 70 отсто од прозорите во стан имаат    17,7 и 9,3 отсто имаат поставено во стан над 70 отсто од прозорите.

Начин на греење во зградите е 61 отсто на дрво и пелети, 38 на струја.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »