речник контакт

Во Велес има 26 ученици позитивни на ковид-19

Од работа отсуствуваат 13 наставници

Петар Печков

Мал е бројот на ученици во велешко кои се позитивни на ковид-19 или се во изолација. Од 6.550 ученика во велешките основни и средни училишта има 25 ученици позитивни а во изолација се 42. Најмногу позитивни ги има во средното Коле Неделковски -осум. Во Детската градинка нема деца позитивни на ковид-19 а 21 дете се во изолација, двајца воспитувачи се позитивни а нема во изолација.

Ова се податоците кои ТрМр ги доби по поставеното прашање до локалната власт, за колку случаи на ученици позитивни на ковид-19 се регистрирани во општината.

Од работа отсуствуваат 13  наставници од средните и основни училишта, бидејќи се позитивни на корона вирусот а тројца  се во изолација.   Податоците се однесуваат заклучно со вчера, четврток до 15 ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »