речник контакт

Во Велес казнети 54 лица за четири дена оти не носеле заштитни маски

За истиот период во Кавадарци се казнети 41, во Неготино 43. За споредба колку лица се казнети во Орхид, Струга, Кичево и Дебар, поради не носење заштитна маска

Петар Печков

Во текот на изминатите четири дена, од петокот до вчера, понеделник, во Велес биле казнети 54 лица, затоа што не носеле заштитни маски, соопштија од СВР Велес. Во петокот имало 11, во саботата 17,  и во неделата  и вчера, во понеделникот   по 13 изречени казни. 

Во истиот период во Кавадарци било казнето 41 лице,   по 7 во петокот и саботата, во неделата две и вчера, понеделник дури 25 лица. Во Неготино за овие четири дена имало 43 казнети лица, 8 во петокот, 11 во саботата, 10 во неделата и вчера -понеделник 14.

За споредба колку лица се казнуваат на подрачјето на други СВР, еве илустрација за СВР Охрид, изречена казни за во неделата -16-ти август.  Во Охрид-31 казнето лице, Струга 16, Кичево 12 и во Дебар казнети се пет лица. 

Паричната глоба за ова дело е 20 евра, ако се плати во рок од осум дена е половина од сумата или 10 евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »