речник контакт

Во Велес никој не побарал ниту има предвиден простор за бегалски камп

Градоначалникот Чадиев негира дека во градот има место каде ќе може да се изградат 15 згради од по 10 ката

Петар Печков

По неодамнешните најави дека во Велес ќе се гради голем бегалски камп, ТрМр ги праша надлежните колку е ова можно да се случи  во Велес. Дали градот има планови за изградба на 15 згради со по 10 ката, заедно со училиште, детска гадинка и спортска сала, како што било предвидено со тајниот план на Владата.

Место каде ќе се лоцира оваа населба според   интернет порталите Инфомакс,  Курир   е во делот на Касарната ,,Алеко Демниевски Бауман,,. Овие медиуми имаа и датум кога ќе почната изградбите, бидејќи веќе државата  побарала дозвола.

Стартот на изградбата  го најавија за скоро време,  за почетокот на октомври. Дилемите ги расчисти градоначалникот Славчо Чадиев, кој одговори дека во Велес нема  такви  урбанистички планови.

Дали во Велес има урбанистичка  планска документација со која е предвидена изградба на 15 згради на 10  ката?

Јас таква информација немам, освен оние што  се предвидени во горниот дел од Касарната. Тука треба да се изградат уште 2-3 згради од кој едната останува на Министерството за добрана , маркичката останува тие да ја реализираат. Поранешниот министер Јолевски  побара таа да им биде на располагање за нив. Останатиот дел гледате се гради една зграда, една е завршена. Во Велес  15 згради не гледам  дека можат да се градат.

 Дали некоја државна институција деновиве побара  од локалната власт, дозвола за градба?    

Официјално барање досега немаме добиено, меѓутоа имаме барање од Министерството за труд и социјална политика  за локации за детски градинки.  Прашаа колку би можеле да обезбедиме простор во Велес – одговори Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »