речник контакт

Во Велес одземени седум мотори поради создавање на преголема бучава

По реакциите на граѓаните, сообраќајна полиција започна да го санкционира и овој прекршок

Петар Печков

По реакциите на жителите на Велес, сообраќајната полиција од Велес спроведе акциска контрола, за санкционирање на моторите кои возат со поголем  звук од дозволеното.

„При контролата која е спроведена на ден 14 август, понеделник, констатирани се седум прекршоци. Исто толку мотори се и одземени, поради преголема бучава“ - соопштија од СВР Велес.

Жителите на Велес од повеќе делови на градот реагираат дека мотористите, пред се помлади лица со неконтролираната бучава која ја создаваат го нарушуваат мирот , посебно во ноќните часови. 

Ова е прва aкција што се реализираше во Велес од страна на сообраќајната полиција, по неколку годишно  не санкционирање на овој прекршок.

 фото илустрација архива

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »