речник контакт

Во Велес престојуваат 32 странски државјани, ангажирани како работници

Ангажираните лица се од шест држави

Петар Печков

Откако пред десетина дена полицајата и Државниот инспекторат    за труд на градилиште во Велес пронајдоа шест странски државјани без работна дозвола, ТрМр праша до МВР, колку работници се пријавени со престој во општината со работна дозвола.  

„На територија која ја покрива инспекторатот по странци и реадмисија во Велес, престојуваат 32 странски државјани со работни дозволи. По основ на вработување вкупно 21 странец . Од Турција 15, од Франција 1, од Германија 3, од Индија 1 и од Англија 1. По основ на упатени работници 12  сите од Б и Х“ -соопштија од МВР. Податоците се за средината на месец април, 2023 година.

Ангажираните странци работници во најголем број работат во градежништво и во фабрика за производство  на градежен материјал.

Странските државјани,  тројца од Турција, двајца од Албанија и еден од Косово, кои неодамна беа откриени дека работат нелегално во Велес,  биле изведени пред судија за прекршоци, кој на пет лица им изрекол парични глоби и по една година протерување и забрана за влез во државата, додека на еден турски државјанин парична глоба и две години забрана за влез затоа што веќе имал активна забрана за влез.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »