речник контакт

Во Велес протестираа и ,,протестирам,, и ГДОМ,, (фото)

Втор ден протести на ,,Протестирам,, вечерва се јави и ГДОM

Петар Печков

    Вечерва во Велес  два протести, на една страна  ,, за слобода и демократија ,, и на втора локација  ,,за одбрана на државата од валканите игри,,.  Во Нова Населба  по главните градски улици,  пред Општинската зграда  се движеше колоната на незадоволни од одуката на претседателот Иванов за масовна аболиција на политичарите во земјава.  Нивниот протест заврши на Сармаале.

    -   Граѓаните на Велес се масовно на улица втор ден. И тука ќе останат  се додека  не се  остварат барањата на граѓанската платформа. Тоа се поништување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција, формирање експертска  Влада која ќе одржи кредибилни избори и трето барање е суспендирање на одлуката за предвремени избори закажани за 5-ти јуни   - рече Дејан  Ристов од платформата ,,Протестирам,, кој  потенцира дека не му се познати целите на  протестантите од ГДОМ. Затоа пак се огради како организатор од вечрашниот инцидент кога  во Младинскиот парк, беше запалена палма и повреден полицаец.

         Во центарот на градот, пред споменикот на Илинденците протест одржаа приврзаниците на ГДОМ. Нив им се обрати драматургот Братислав Димитров.   

На овие собири се обидуваме и успеваме да ги демистифицираме сите валкани игри на   опозицијата. И пред се да ги одбраниме базичните   принципи на нашата држава, кои за жал во последниот  период беа поткопани и разрушени. Нашата задача е без никави политички амбиции и ангажмани.  На нашите собири има многу емоции, хумор, пријателски сме расположени, не кршиме, не палиме. Покажуваме како се искажува став на конструктивен начин - изјави Братислав Димитров од ГДОМ. Тој негираше дека ги прекинале нивните протести во Скопје  и најави дека се тука секогаш кога  ќе почувствуваат жестока манипулација, пропаганда, опасност по Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »