речник контакт

Во Велес се натпреваруваа и младите научници

Меѓу 23-цата победници и тројца велешки ученици

Петар Печков

Велес беше домаќин на 52-тиот  собира на младите македонски научници. Се одржа Државното првенство на клубови на   млади техничари. Организатор беше Народна техника. Учествуваа 300 натпреварувачи од 120 училишта од сите градови во Македонија.

Тие се натпреваруваа во 23 дисциплини, во применета биологија, применета математика,  применета физика, астрономија, географија, метеорологија,  бродо моделарство,  ракетно моделарство,  автоматика, роботика, фотографија, филм, екологија, фармација.

Сите учесници подготвија сопствен труд, кој го оценуваше жири.  Меѓу победниците се најдоа и тројца велешани и  тоа:  Зоран Нацев- автоматика од Св. Кирил и Методиј,  Димитар  Дечев -роботика од  ОУ Васил Главинов и Стојан Илиев - астронаутика од ОУ Васил Главинов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »