речник контакт

Во Велес се собираат пари за рендген апарати за животните

На продажба беа понудени дела на академскиот сликар Ангел Петров

Петар Печков

По повод 4-ти Октомври Светскиот ден на животните, Здружението за заштита на животните ЗГ,,Oбезбеди живот” од Велес  организираше хуманитарна добротворна акција за собирање на парични средства.  Таа е изведена во  соработка  Фондацијата на академскиот сликар Ангел Петров од Велес. На продажба се понудени 20 пастели, од неговата едиција насловена :“Koњот мојот верен пријател”. 

Изложбата е донација од авторот Ангел Петров академски сликар,голем љубител на животните и истата е продажна. Средствата од продажбата на делата се наменети  за потребите на бездомните животни како ветеринарни услуги,храна.Желба ни е да собереме средства за набавка на рендген апарат, бидејќи Ветеринарната станица во Велес нема, што ни ги зголемува трошоците при пренос на повредените животни до Скопје - вели Робертино Васков, претседател на здружението. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »