речник контакт

Во Велес се чекаше ред да се дарува крв

Велешани чекаа во ред за да даруваат крв иако најголем дел од дарителите за тоа нема да можат да користат никаков бенефит.

Петар Печков

Велешани чекаа во ред за да даруваат крв иако најголем дел од дарителите за тоа нема да можат да користат никаков бенефит.

Безмалку четиристотини доброволни дарители трпеливо чекаа да ја подадат раката и даруваат од скапоцената течност во големата летна акција која по 16-ти пат ја организира Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Републичкиот завод за трансфузиологија.

За шест часа 389 лица ја покажаа нивната хуманост, без за тоа да добијат некоја бенефиција, бидејќи најголем дел од крводарителите беа млади, студенти и ученици, имаше и многу девојки, потоа стечајци и техниолошки вишок, кои нема кога и каде да ги користат двата неработни дена кои според Законот им следуваат.

Некои од нетрпеливите дури и фаќаа врски за преку ред да можат да ја дадат нивната крв. Меѓу дарителите имаше и свештеници на МПЦ.  

Според организаторот ова е најголема крводарителска акција во земјава со која се пополнуваат резервите на крв на Клиничкиот центар во Скопје а дури педесетина млади по прв пат дарувале крв.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »