речник контакт

Во Велес се чествува „Свети Великомаченик Пантелејмон “ - заштитник на градот

Во црквата „Свети Великамаченик Пантелејмон“ во Велес, Повардарската Епархија и Општина Велес првпат се чествува СВ. ВМЧ Пантелејмон како светец- заштитник на градот.

Петар Печков



По тој повод  во неделата вечер се одржа празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше  митрополитот Повардарски Агатангел со свештеници и ѓакони од Епархијата.Имаше и  поклонување пред иконата на Светителот при што се обратија  градоначалникот на Општина Велес,

Горан Петров и Митрополитот Повардарски, Агатангел. Градоначалникот  Петров им го честита празникот  на бројните православни верници кои дојдоа во соборниот храм. Во своето обраќање митрополитот Повардарски Агатангел пак истакна оти ова е голема   историска и духовна придобивка бидејќи  неговиот храм кој заштитнички  се надвива над целиот град  е синоним на велешката историја и единство и симбол на народниот непокор на овие македонски простори.

Соборниот храм СВ ВМЧ Пантелејмон во Велес е  едно од најубавите дела на градителот Андреја Дамјанов родум од велешкото  село Папрадиште, кој почива и на гробиштата во оваа црква е осветено пред  точно 170 години во далечната 1840 година.Свети Пантелејмон  е прогласен  официјално за заштитник на градот  од страна на Советот на Општина Велес на 15 септември 2009, а сега за првпат  се слави.

Вечерта беше збогатена  со богата уметничка програма во предворјето на храмот, во која настапи  црковно градскиот хор СВ. ВМЧ. Пантелејмон,имаше и монодрама за Свети Климент Охридски  од Весна Димитровска „Будење на ангелите‘‘ и  настап на Тетарот Скрб и утеха- со претставата ТИХА во режија на Слободанка Чичевска.

Програмата продолжи рано утрово со  Архиерејска Божествена литургија на која  чиноначалствува Неговото Блажество  Г.Г.Стефан во сослужениое на Митрополитот Повардарски Агатангел и Митрополитот Брегалнички Иларион.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »