речник контакт

Во Велес сезонскиот грип во опаѓање

Бројот на заболени од сезонски грип во Велес во последниве две недели е во опаѓање.

Петар Печков

Според податоците од Заводот за здравствена заштита, бројот на заболени од сезонски грип во Велес во последниве две недели е во опаѓање. Изминатата седмица има околу 90-тина новозаболени од грип, колку што биле регистрирани и во третата недела од јануари.

Бројот на заболени првата недела беше 120, а втората се зголеми на 140 или заклучно од почетокот на јануари во Велес до денеска се регистрирани околу 450 заболени од сезонски грип. Ова е вообичаен број за овој период од годината и нема место за паника, но сепак граѓаните треба да биде внимателни - предупредува д-р Билјана Трајкова, специјалист епидемиолог од Заводот за здравствена заштита.

Трајкова потсети граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува преку контакт и да се зголеми внесувањето витамини, преку конзумирање  овошје и зеленчук.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »