речник контакт

Во Велешката Болница извршена е првата операција на зголемување на пенисот во Македонија

На пациент од 23 годишна возраст извршено му е зголемување на пенисот, пионерски чекор во урологијата во Македонија

Петар Печков

Во Велешката Болница извршена е првата операција на зголемување на пенисот во Македонија во јавното здравство. На млад пациент за неколку сантиметри му е  зголемена машкоста, оперативен зафат кој досега не се практицирал во земјава. Операцијата ја извршија велешкиот уролог д-р Горан Јовиќ и пластичарот д-р Боро Џонов до Скопје. Таа траеле два часа, извршена е пред три месеци а зафатот се обелоденува по овој период, заради согледување и следење  на постоперативната состојба.

  Дојде млад пациент, по препорака на мои колеги, кој што имаше психички проблеми поради големината на пенисот. Извршивме природно зголемување на полниот орган, со ослободување на дел од телото на пенисот кој е внатре во организмот – изјави д-р Горан Јовиќ, специјалист уролог.

Двајцата доктори, со лекарската екипа, работеле тимски д-р Јовиќ уролошкиот, зголемувањето на половиот орган,  додека д-р Џонов отстранување на масното  перниче од долниот дел на ѕидот од стомакот. Од стручната литература досега во Македонија не е пријавено дека било кој лекар има извршено ваков вид интервенција. Затоа со искуствата од операцијата д-р Јовиќ наскоро ќе ги презентира на стручни симпозиуми и конгреси, за што меѓу докторите владее голем интерес.

Чекавме неколку месеци од зафатот, за првични постоперативни резултати, бидејќи како и по секоја друга, имаме очекувани или неочекувани  реакции. Откако мина тој период, заедно со колегата сега решивме со задоволство  да објавиме дека успешно е извршена ваква операција во Македонија. Повратните информации се дека пациентот е задоволен од новиот изглед на неговата машкост – вели д-р Јовиќ.

Лицето е од внатрешноста на земјава, млад студент на 23 години, кој веќе се пофалил на докторот дека имал сексуален однос и психолошките бариери кај него се срушени. Тој бил оптоварен со големината на пенисот, заради што не можел да има редовен сексуален живот, по што се решил на ваква операција. ,,Дневник,, стапи во телефонски контакт со пациентот, кој се заблагодари на докторите за успешната операција.

Психички патев поради големината на пенисот и едноставно морав ова да го сторам. Сега се чувствувам подобро и што е најважно функционира. Мислам дека целиот свет сега е мој – изјави кратко пациентот, кој не го криеше задоволството од ефектот на докторите.

Тој се решил да го зголеми пенисот по должина, не по обем. Зафатот бил со зголемување по природен пат, без вградување на било какви протези. Ова е пионерски чекор во урологијата и пластичната хирургија во Македонија а пациентот не го чинело ништо финансиски екстра, бидејќи оперативниот зафат бил покриен со сини картони од Фондот на Здравство.

Доктор Јовиќ како познат уролог вели дека македонските мажи не се задоволни од големината на нивните полови органи, иако тие биле во рамките на европскиот просек од 9 до 14 цм. Ова го темели на педесетината случаи, кога морал да интервенира, бидејќи толку пред се млади лица во пенисот си вбризгувале парафин за негово зголемување.

За жал и натаму има бројни случаи на зголемување на пенисот со  течен парафин, што во прво време дава резултат, но подоцна има катастрофални последици. Апелирам до младите да не наседнуваат на ваквите прикаски, бидејќи тоа може да им се одрази на нивниот живот, со трајно оштетување на половиот орган. Ако веќе сакаат тоа да го сторат, нека го направат стручно а не по муабети од чаршија – вели д-р Горан Јовиќ. Тој додава дека незадоволните мажи не можат да очекуваат чуда, бидејќи максимално половиот орган оперативно може да се продолжи за 3-4 цм, исто толку и по обем, ништо повеќе.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »