речник контакт

Во Велешката касарна одбележан 18 август

Признанија и награди за дел од припадниците на АРМ

Петар Печков

Со пригодна свеченост и награди и признанија за дел од припадниците на АРМ, денес во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, беше одбележан 18 август Денот на АРМ. Пред присутните се обрати полковник Стојанче Тодоров.

Нашите припадници и воениот кадар се обучувани и подгорувани со евро атлантските стандарди , со што  како Армија сме компатибилен партнер во меѓународните операции а нашите припадници воено-стручно се рамноправни со  припадниците на партнерските  земји. Нашата Армија е армија во служба на секој граѓанин на Република Македонија и во секој момент согласно нашите капацитети е подготвена да одговори на предизвиците на новото време. Мустафа Кемал Ататурк со една реченица најдобро  ја илустрира целата мудрост на постоењето на   армијата ,,За мир дома и мир во светот,, . Во иднина ќе се водиме од мислата на Дарвин, Не опстојуваат најдобрите, туку најприлагодливите,, -  кажа  Тодоров, кој е заменик командант на Командата за обука и доктрини.  

Со одбележување на 18-ти август, Денот на АРМ, се оддава почит за настаните кои се во нераскинлив континуитет со вековната борба на македонскиот народ за слободна, сопствена и самостојна држава. Тоа е денот од Народно Ослободителната Војна на Република Македонија, ден кога во 1943 година на Славеј планина е формиран баталјонот Мирче Ацев. Баталјонот како прва организирана формација на македонската војска претставува и прва регуларна единица на Народно Ослободителната Војска на Македонија, настан кој денес го одбележуваме како Ден на Армијата во самостојна и суверена Република Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија, во април 1992 година се промовираа првите единици на новата македонска армија. Се создаде армија согласно човечките и материјалните можности, но и армија на сите граѓани на Република Македонија . Од година во година капацитетите на армијата во континуитет се развиваат и зголемуваат. За во иднина стратешка цел останува полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »