речник контакт

Во Велешката касарна одбележан 18-ти август, Денот на АРМ

Доделени унапредувања и награди за војните лица и граѓанските на служба во АРМ

Петар Печков

Во Велешката касарна, Алексо Демниевски Бауман,  по 23 пат  беше одбележан 18-ти август,Денот на АРМ. На свеченоста беа доделени награди признанија и повисоки чинови на најуспешни припадници на АРМ, војните лица и граѓанските на служба во армијата.

Честитајќи им го Денот на АРМ на сите припадници командантот на Командата за обука, Љупчо Костовски меѓу другото истакна дека низ годините Армијата со сета чест, достоинство и професионалност го продолжува вековниот сон на сите македонски херои кои се бореле за праведност, слобода и подобра иднина. Тој потсети на  24-те илјади жртви кои ги дадоа животите  на олтарот на слободата во НОВ и дека не смееме да дозволиме нивните имиња да паднат во заборав.

 Создадовме Армија  според човечките и материјалните можности на граѓаните на Република Македонија. Таа е институција во која народот има најголема доверба- потсети полковник Костовски.   

Тој рече дека Командата за обука и доктрини претставува расадник на индивидуално оспособен персонал за новите предизвици. Од годинава во овој Центар  АРМ во Велес има модерен систем за обука и едукација, чии капацитети ќе можат да ги користат и други агенции, установи и институции надвор од Министерството за одбрана. 

На 18  август 1943-та година, на Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско- преспанскиот одред „Даме Груев“, од Велешкиот одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Тоа е првата организирана   воена формација  на Народно Ослободителната војна на  Македонија и  овој ден е  роденден на АРМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »