речник контакт

Во Велешко годинава само еден новозаболен од бруцелоза

Лани беа регистрирани четири новозаболени од бруцелоза, додека пред пет години имаше и по 40 годишно

Петар Печков

 Во Велес и Велешко од почетокот на годинава има само еден новозаболен од болеста бруцелоза, покажуваат податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Бруцелозата во последниве години е сведена на минимум како резултат на одличната соработка со ветеринарните екипи од Велес кои континуирано работат на сузбивање на оваа болест кај стоката во Велешко. Тоа, пак,  непосредно резултира и со се помал број на заболени лица од оваа болест, изјави д-р Билјана Трајкова, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Велес.

Лани, нагласи, беа регистрирани само четири новозаболени од бруцелоза, додека пред пет години имаше и по 40 годишно што јасно укажува дека болеста во овој регион е намалена за дури десетпати.

Болеста, потсети, дирекно се пренесува од заболената стока кај сточарите, но и кај консументите на непроверени млечни производи. Апелира граѓаните да внимаваат што и од каде купуваат и консумираат.

- Бруцелозата се лекува, но остава трајни последици по здравјето на луѓето. Затоа превентивата е толку значајна, потенцира Трајкова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »