речник контакт

Во Велешко решени 6 илјади барања за приватизација и 5,8 илјади за легализација

Отворен ден на службите на Катастарот и Имотно правните работи од Велес

Петар Печков

На заедничкиот Отворен ден на  службите на  Катастарот и Имотно правните работи   од Велес, бројни велешани дојдоа да   проверат зошто нивните предмети не се решени, се одолговлекуваат или немаат одговор.  

На нивните прашања одговараа лично двајцата  директори Славчо Трпевски на Агенцијата за Катастар и Зоранчо Крстановски на  Управата за имотно - правни работи.    И двајцата соопштија дека тие се тука, во Велес  за да излезат во пресрет, да дадат решение  на проблемите на граѓаните. 

 Во општина Велес  примени се во законскиот рок 12.200 предмети за приватизација на земјиштето кое се наоѓа под нивните домови. Досега се решени половината, тие се завршени правосилно. Останува да се сработат и  останатите  - рече Зоранчо Крстановски директор на Управата за имотно правни односи.

Велешкиот Катастар лани примил 34 илјади предмети  и сите ги решил, нема ниту еден заостанат. Досега  во општината има легализирано 5.864 објекти кои се запишани во катастар и   имаат добиено имотно листа - рече  Славчо Трпевски директор  на Агенцијата за Катастар.     

Тој потсети  за  бесплатното запишување на имоти на граѓаните кои  не ги започнале или од други  причини останале незапишани правата на сопственост.   Ова се однесува пред се на сопственици од селата во Азот кои при премерот пред  некоја година, не дознале па нивниот имот беше запишан на државата. Тие сега добиваат можност бесплатно да ја исправат ваквата грешка, пропуст  на институциите на системот, која не била по нивна вина. Досега  во велешко 157 геодетски елаборати се изработени бесплатно.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »