речник контакт

Во Голозинци се одржаа 35-тите средби на извидниците

Одбележани 69 годишнината од постоење на одредот и 70 години извидништво во Велес

Петар Печков

Изминатиот продолжен празничен викенд,  на 10-11.октомври  год. во извидничкиот центар “Голозинци“ беа организирани јубилејните традиционалните 35-ри Средби на извидници Голозинци – Велес 2021. Со овој настан Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес  ја одбележа  69 годишнината од  постоење на одредот  и 70 години извидништво во Велес  како и Денот на востанието.

Поради здравствените протоколи Старешинството на одредот програмските активности на овие средби ги насочи само кон одредското членство со реализација на едукативни работилници и тим билдинг. На овие средби учествуваа извидници од Велес и Чашка членови на нашиот одред.

„Во рамките на едукативните работилници велешките извидници ги збогатија своите знаења за подготовка на конзервирана храна – зеленчук. Извидниците научија како се конзервираат пиперки, домати и корнишон- краставички. За подготовката на овие работилници извидниците од нашиот одред за подготовка на конзервиран зеленчук кои истиот го набраа од сопствената извидничка зеленчукова градина. Во делот на работилниците извидниците од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ги совладуваа и вештините за подготовка и печење на бели печива. И на крај од овие едукативни работилници младите извидници ги совладаа техниките на подготовка на храна -кифли, сендвич и леб“- кажа Ангелче Гушев, старешина на одредот.


Тој дополни дека со овие активности извидниците од Велес докажале по кој знае кој пат дека се организација која што ги воспитува и образува младите на сите полиња и  придонесува во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони,  помогна во изградба на подобар свет.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »