речник контакт

Во Горно Јаболчиште училишната година сеуште не е почната

Ни по три седмици сеуште не е започната наставата за шестотини ученици во Основното училиште ,, Лирија,, од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Родителите не се задоволни од педагошката работа на директорот, поради што не ги пуштаат на училиште нивните деца. Локалната власт на општина Чашка ја започна процедурата за промена на директорот Јусуф Ахмедов а родителите велат дека учениците ќе тргнат на настава, тогаш кога  тој ќе биде разрешен и именуван нов.

Надлежната инспекција констатира низа  неправилности во образовниот процес и работата на директорот, поради што низ законската процедура тој ќе  биде сменет и именуван нов. Поплаките на негова сметка доаѓаа подолго време, така што имаше можност да ги исправи грешките но тоа не се случи. Верувам дека наскоро децата ќе тргнат на настава и ќе го надополнат изгубениот период – изјави Горан Пановски, градоначалник на општина Чашка.

Изминатиот период наставата, која се одвива на албански јазик,  во ОУ Лирија во Горно Јаболчиште била посетувана од 20-тина деца од вкупно 603 ученика.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »