речник контакт

Во Горно Оризари аплицирани 39 вакцини, заштита од ковид-19

Утре теренска вакцинација продолжува во Клуковец и Сливник

Петар Печков

Теренската вакцинација денес продолжи во населените места во Општина Велес.

Прво населено  место беше Горно Оризари. Таму беа аплицирани 39 вакцини, прва доза, кинеска „Синовак“.

Од вакциналниот пункт објаснуваат дека голем број жители од Оризари биле кај нив и претходно пуштиле некои прва, други веќе и втора доза, така што оваа бројка не е реална на жители од населбата кои се вакцинирале за заштита од ковид-19.

Претходно заврши вакцинацијата во Општините Градско, Лозово и Чашка, со прва доза. Теренска вакцинација продолжуваа утре со посета на селата Сливник и Клуковец.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »