речник контакт

Во Горњи Милановац промовирана стрип книга

Македонскиот стрип во едицијата ,,Никад робом,, од Ване Трајков претставена пред српската публика

Петар Печков

Во Културниот центар на Горњи Милановац, Србија беше промовирана книгата Македонскиот стрип во едицијата ,,НИКАД РОБОМ“ од велешанецот Ване Трајков.

 Промоцијата беше помогната од Здружението на Македонци од моравичкиот округ „ДАМЕ ГРУЕВ ’. Оваа книга  ја промовираа Стојанка Кнежевиќ,Слободан Лукиќ, Драган Миловановиќ  автори и поранешни вработени во најпознатата југословенска издавачка куќа за стрип ,,Дечје Новине,,   од  Горњи Милановац.  

Книга ги опфаќа сите изданија од 1963 до крајот на легендарната едиција „НИКАД РОБОМ“ каде што можат да се сретнат разни теми и сценарија од македонската историја. Оваа едиција  има битно значење за развој на југословенскиот стрип, а уште поголемо за афирмацијата на стрипот во Македонија. Важно е што книгата беше промовирана во срцето на издаваштвото на стрип уметноста во СФРЈ  - рече авторот Трајков.

Ване Трајков е извршен директор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, а публикувањето на оваа книга е дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија. За едицијата ,,Никад робом,,   меѓу другите цртале македонските стрип доајени Миле Топуз и покојниот Љупчо Филипов.

Во изданието се претставени стриповите  кои  биле за македонските  јунаци за Карпош, за Самуил, за  Царот Гаврил Радомир, Климент Охридски,  Солунските атентатори, за Битката на ножот. Во книгата авторот Трајков  опфаќа период од 1963-та до 1970-та. Тогаш тиражот во кој овие стрипови биле издавани е за денес неверојатни 80 илјади примероци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »