речник контакт

Во Здравствен дом, продолжува вакцинацијата за заштита од ковид-19, за највозрасната група со „Синефарм“

Обезбедени се 250 вакцини за лица над 75 годишна возраст

Петар Печков

Пациентите од велешко, со возраст над 75 години, од денес започнаа да се вакцинираат со кинеската „Синофарм“ вакцина за заштита од ковид-19. Вакциналниот пункт е во Здравствен дом, како и за претходната вакцинација со „АстраЗенека“.

 „Добивме количество од 250 вакцини, „Синофарм“ кои се за највозрасната група од 75 години  повеќе. Ќе се вакцинираат заклучно до вторник, преку „Мој термин“ закажан од матичен доктор. Втората доза е по 21 ден и веднаш овие пациенти ги извезуваме за дополнителниот термин“ -рече д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес.

Претходно  во периодот од 31-и март до 20-ти април, во период од 15 работни дена вакцинирани во Велес, беа 824 лица, исто така над 75 годишна возраст. Сите тие се вакцинирани со „АстраЗенека“.  

„Откако граѓаните од оваа возрасна група увидоа дека не се јави ниту еден здравствен проблем кај вакцинираните, интересот се зголемуваше од ден во ден.  Така што последните денови имаше дури и барања за нови термини, но веќе се беше искористено и пополнето. За илустрација меѓу вакцинираните, тие што дојдоа во последните денови имавме две жени на 95 и 94 години, имаше други  лица на 92 години“ - кажа д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »