речник контакт

Во Здравствен дом, редици за вакцинација и ревакцинација од ковид-19

Денес вакцина против ковид-19 треба да примат 260 велешани

Петар Печков

Редици од граѓани кои сакат да се вакцинираат за заштита од ковид-19 во Здравен дом Велес. Велешани од повозрасната група  масовно се заштитуваат од корона вирусот и чекаа трпеливо за нивниот термин за вакцинација.

„Неколку дена се врши ревакцинација на лицата кои претходно примија вакцина од „Синофарм„ а од денес се вакцинираат и граѓани кои добиваат прва доза „АстраЗенека“. Евидентно е дека има голем интерес и затоа работиме не во една смена како досега туку до 20 ч“ - рече д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес, каде е лоциран вакциналниот пункт.

Според нивната документација денес вакцина треба да примат 260 лица.  Во велешко изминатите два дена, понеделникот и вторникот нема регистрирано нов случај на позитивен на ковид-19, во велешка Болница згрижени се 32 пациенти а активни се 86 случаи.

Пунктот за масовна вакцинација во Велес, според најавите треба да започне со работа од 25 мај, во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »