речник контакт

Во Интернатот заврши правата фаза од реновирањето на објектот

Се подобруват условите за престој на 221 дете ученик. Променети се вратите од собите каде тие престојуваат

Петар Печков

Во Општинскиот Ученички Дом „Лазар Лазаревски“ во Велес  заврши првата фаза од планираниот проект за промена на вратите, со кој се заменија старите дотраени дрвени врати со нови пвц.

Со ова значително се подобрија условите за престој на децата ученици во Домот. Вкупно беа променети 31 врата.

Комплетно  се сменети сите врати од санитариите на сите три спрата,  вратите од спалните соби на приземје, а кои беа стари повеќе од 40 години. До крајот на оваа година планирано е да се заврши и втората крајна фаза од овој проект.

Во домот моментално се сместени 221 ученик од мешан етнички состав.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »