речник контакт

Во Кавадаречко вчера пронајдени четири експлозивни направи

Едната била кај село Фариш, на магистралниот пат во изградба а трите на сепарација кај Росоман

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник,  на две локации во Општина Кавадарци, откриени се четири експлозивни направи.  Експлозивните средства се пронајдени во терминот од 9,30  кај село   Фариш  и во  10,30 кај Росоман.

 „На 8 август, на  трасата на изградба на магистралниот пат Градско - Дреново, кај селото Фариш пронајдена е артилериска граната од 105 мм. додека во сепарација кај Росоман пронајдени се две артилериски зрна од 105 и 82 мм и едно противавионско зрно од 30 мм. “ - соопшти Ефтим Митров, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Четирите експлозивни направи биле отстранети  во периодот до 15,30 часот од страна на пиротехничар на  ДЗС. Од таму додаваат дека на сепарациите кај Росоман често се пронаоѓаат неексплодирани гранати, најчесто од Прва Светска војна. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »